ПОВЕЌЕ

    Д-р Гордана Балтовска реизбрана за член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување, поточно во Управниот одбор на Банката.

    Во соопштението до Македонска Берза се известува за следново „Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-9704/1/II-26 од 28.5.2019 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна Банка на Република Северна Македонија бр. 15-20714/10 од 3.9.2019 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначена д-р Гордана Балтовска.“

    Д-р Гордана Балтовска е член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола од август 2013 година. Пред да стане член на Управниот одбор, г-ѓа Балтовска работела на повеќе работни позиции во банката уште од 2001 година.

    Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во моментов го сочинуваат Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор, Наташа Несторовска и Гордана Балтовска, членови на Управен одбор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично