ПОВЕЌЕ

    Гугл и Амазон се казнети 135 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Француската агенција за приватност ЦНИЛ го казни „Гугл“ со 100 милиони евра, а „Амазон“ со 35 милиони евра за кршење на правилата за „колачиња“ за следење на Интернет.

    Ова се делови од податоци што се користат за следење на активностите на корисниците на глобалната информациска мрежа.

    Во соопштението се наведува дека технолошките гиганти биле казнети затоа што поставувале “колачиња” за реклами на компјутерите на корисниците без нивно одобрување и обезбедување соодветни информации.

    Минатата година Франција воведе дигитален данок од три проценти за големите технолошки корпорации како што се „Гугл“, „Амазон“, „Фејсбук“ и „Епл“, што предизвика голем спор меѓу Париз и Вашингтон, потсетува „Спутник“.

    Минатата година Франција побара од Гугл да плати околу 1 милијарда долари за спогодба во истрагата за фискална измама, а компанијата подоцна беше казнета со уште 150 милиони долари за нарушување на пазарната конкуренција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично