ПОВЕЌЕ

    Годинава својата БИЗНИС ПРИКАЗНА ја започнаа 656 фирми

    Време зa читање: 3 минути

    Со верба дека ќе успеат, иако е пандемија и енергетска криза, во првиот месец од оваа година својата бизнис приказна ја започнаа 656 компании, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк.

    Ако се земе во предвид дека минатата година за цела година биле отворени 8.662 компании, или просечно месечно по 722 компании, ова бројка за јануари е нешто под минатогодишниот просек. Но, треба да се земе и предвид дека станува збор за јануари, првиот месец од Новата година, исполнет со многу празници, односно месец кој и не е најфреквентниот во однос на отворање на нови фирми.

    И годинава почна со најмногу отворени трговски фирми. Нивниот број е 154. Веднаш зад нив се компаниите со шифра „други услужни дејности“ (73), па компании што се занимаваат со сместување и сервисни дејности со храна (58), па оние со дејност „стручни, научни и технички дејности“ (55).

    ТОП 5 дејности каде има новоотворени фирми

    ДејностФирми отворени во јануари 2022
    Трговија154
    Други услужни дејности73
    Сместување и сервисни дејности со храна58
    Стручни, научни и технички дејности55
    Градежништво53

    Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    Порталот „Пари“ направи и анализа какви се просечните плати во новоснованите фирми. Податоци за јануари, се уште нема, но последниите расположливи од Државниот завод за статистика, кои се за декември минатата година може да послужат како ориентир за тоа во какви дејности има компаниски раст-дали се доходовни или нискодоходовни.

    Ако се земе во предвид дека просечната- нето плата во декември била 29.943 денари се доаѓа до заклучок дека во дејноста каде има најголем број на нови фирми во трговијата, прoсечната плата е под републичкиот просек, односно таму просечната плата во декември била 28.742 денари. Под просектот е и просечната плата во секторот сместување и сервисни дејности со храна – таму просекот е 21.093 денари.

    Сосема малку под републикот просек е градежништвото каде просечната плата е 29.566 денари.  Во две дејности, во кои во јануари се отвориле најмногу фирми, во декември имало повисоки плати од просекот. Тоа е во дејноста „Други услужни дејности“ каде просечната плата е 35.965 денари и во дејноста „Стручни, научни и технички дејности“ каде просекот е 37.088 денари.

    ВО 15 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ПО ЕДНА НОВА ФИРМА

    Во услови кога речиси целиот бизнис е сконцентриран во главниот град, особено е важна секоја фирма во помалите места. Во 15 населени места се отворила по една фирма. Станува збор за Арачиново, Богданци, Василево, Вевчани, Демир Капија, Долнени ,Зелениково, Конче, Кривогаштани, Липково, Маврово и Ростуше, Могила, Новаци, Пехчево и Чучер-Сандево.

    Секако, најмногу фирми се основале во Скопје – 282, а потоа во Битола- 35.

    ТОП 5 градови со најмногу отворени нови фирми

    ГрадФирми отворени во јануари 2022
    Скопје282
    Битола35
    Тетово31
    Гостивар25
    Охрид23

    Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    ЗОШТО 62,8 ОТСТО ОД НОВООТВОРНИТЕ ФИРМИ СЕ ДООЕЛ?

    Во однос на организационата форма на фирмите и понатаму продолжува трендот на нагласена заинтерсираност на организционата форма Друштво со огранилена одговорност едно лице ДООЕЛ. Ова друштво има еден содружник. Во јануари од 656 новоотворени фирми, 412 се ДООЕЛ, или 62,8 проценти.  Иако, најголем дел од фирмите се трговски, за организационата форма трговец поединец се одлучиле само 40 основачи на фирми.

    Според законот, трговецот-поединец трговецот-поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот. Битно одбележје на ДОО (како и на АД)  е непостоење на одговорност на содружниците за обврските на друштвото. За обврските преземени во правниот промет спрема трети лица одговара самото друштво со целиот свој имот.

    Вид субјектВкупно новоосновни
    ДООЕЛ412
    ДОО84
    ТП40
    Подружница3
    ПДОО1
    АД1
    Друго115
    Вкупно656

    Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично