ПОВЕЌЕ

    ЃОРЃИЕВСКИ за „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Дали локалната власт е финансиски зависна – дали општините ќе станат самостојни?

    Време зa читање: 2 минути

    „Општините постојано бараат средства од централната власт. Но, дали тоа е вистинскиот пат? Според Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС, децентрализацијата ќе биде целосна само ако општините добијат поголем процент од персоналниот данок. Додека во Хрватска 100 % од овој данок оди кај локалната власт, кај нас тој изнесува само 6 %. Ќе добијат ли општините повеќе пари или ќе останат финансиски зависни?“ Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

    „Ако направите споредба, не мора со европски развиените земји и нивните општини, направете споредба со земјите од регионот и општините. Во голем дел од нив, персоналниот данок на доход е некаде 30 %, 40 %, 80 %, 70 %, некаде и 100 %. Мислам дека во Хрватска, во општините, не ме држете за збор, но мислам дека 100 % од персоналниот данок на доход се слева директно кај општините. Кај нас, како што споменувате, 6 %. Ние се бориме и во преговорите, тоа го имаме во нашиот меморандум кој што го имаме потпишано со Владата, со новиот претседател на Владата, бараме зголемување на тој процент на најмалку 30 %. Мислиме дека тоа е остварливо, мислиме дека тоа е добро и на тој начин ќе произведеме самоодржливи општини.

    Јас повторно ги кажам, ова се преговори и ова се состојби кои не се решаваат преку ноќ.“

    Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.    

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично