ПОВЕЌЕ

    Германија издвојува 300 милиони евра за хуманитарна помош на земјите ширум светот

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, соопшти дека земјата издвоила 300 милиони евра за помош на земјите ширум светот во борбата против коронавирусот, објавено е на официјалната страница на Министерството.

    „Коронавирусот не познава граници. Тоа влијае на луѓето кои се особено ранливи затоа што живеат во воени зони, бегалски кампови или земји чии здравствени системи се близу до распад поради пандемијата. Мораме да покажеме солидарност за да ги олесниме страдањата. Само со заедничка работа можеме засекогаш да ја надминеме пандемијата, инаку постојано ќе постои опасност од нови бранови на инфекција“, изјави Мас.

    Тој истакна дека треба да се посвети посебно внимание на жените, децата и старите лица.

    „Брзата помош ќе спаси животи со забавување на ширењето на вирусот и давање здравствена заштита на луѓето кои не добиваат помош. На хуманитарните организации им треба нашата поддршка. Затоа одговоривме на апелот на Генералниот секретар на ООН и на располагање ставаме 300 милиони евра за хуманитарна помош за време на кризата“, изјави Мас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично