ПОВЕЌЕ

    Гази Баба нова мета на градежната офанзива, најмногу станови ќе се градат уште во две општини

    Време зa читање: 2 минути

    Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци во градежништвото и ја најави новата градежна офанзива што се очекува годинава. Според податоците за февруари издадени се 346 одобренија за градење или 39,5 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.

    Секако најинтересен регион за анализа е Скопскиот каде што полека се одзема секоја педа зеленило од градот, а згради практично никнуваат на секој ќош, претворајќи го Скопје во град на бетонот.

    Она што е заблежително во анализата на Заводот за статистика е дека Гази Баба станува мека за градежните инвеститори наместо досегашните Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода.

    Вкупно на ниво на Македонија ќе се градат 907 станови со вкупна површина од 78.721 метар квадратен. Од нив 539 станови со површина од 38.781 м2 се однесуваат на Скопскиот регион во кој освен десетте скопски општини се вбројуваат и општините Илинден, Петровец, Арачиново,Зелениково, Сопиште, Студеничани и Чучер – Сандево.

    Во целиот Скопски регион најмногу станови ќе се градат во Илинден, вкупно 202. Но, сепак да се вратиме на метрополата. Гази Баба е општината која станува мета на градежните инвеститори. Во оваа општина ќе се градат 172 станови, со површина од 11.391 м2.

    Втора општина каде што најмногу ќе се градат станови е Центар со 83 станови и површина од 5.367м2, трета е Карпош со 33 станови со површина од 2.996м2.

    Нови 22 станови ќе се градат и во Ѓорче Петров, а поштедена е Аеродром и Кисела Вода каде што ќе се градат само два, односно девет станови.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично