ПОВЕЌЕ

    Фунтата конечно се одлепи од дното

    Време зa читање: 3 минути

    Фунтата порасна во однос на доларот откако објавивањето на економскиот план од страна на новиот премиер Риши Сунак беше одложено до 17 ноември. Британската валута моментално се тргува за 1,16 долари, што е раст од околу 1,2% на денот.

    Валутата порасна во последните денови бидејќи инвеститорите го поздравија назначувањето на Риши Сунак за премиер и падот на доларот. „Одложувањето на економската изјава е разочарувачко, но разбирливо“, рече Џејн Фоли, валутен стратег во Рабобанк. „Пазарите во голема мера го отфрлија ова, бидејќи разбираат дека имаме нов канцелар, имаме нов премиер, и сосема е веројатно дека им треба уште малку време за да ги средат работите и да ги исправат овие бројки“, рече таа.

    Финансиските пазари беа потресени од стравувањата за економијата во последниве недели. Минатиот месец, фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, а трошоците за задолжување на владата нагло се зголемија како последица на мини-буџетот на поранешната премиерка Лиз Трас.

    Инвеститорите беа преплашени откако тогашниот канцелар Кваси Квартенг вети големи даночни намалувања без да каже како ќе бидат платени – нешто за што предупреди Сунак за време на летен Ториски лидерски натпревар.

    Но, цената на државното задолжување сега се врати на нивото на кое беше пред мини-буџетот од минатиот месец.

    Економскиот уредник на Би-Би-Си, Фајсал Ислам, вели дека ова му дава на новиот канцелар Џереми Хант, она што упатените го нарекуваат „дивиденда“, со други зборови, владата сега ќе троши милијарди фунти помалку на трошоците за долгот.

    Г-дин Сунак, поранешен менаџер на хеџ фонд, инвеститорите го сметаат за побезбеден човек на позицијата и вети дека ќе ги поправи „грешките“ направени под раководството на Лиз Трас. „Нема сомнеж дека се случува олеснување, тоа помага на фунтата“, рече г-ѓа Фоли. „Инвеститорите имаат поголема доверба во новиот премиер и во неговиот канцелар, отколку кај неговиот претходник“.

    Но, г-ѓа Фоли додаде дека јачината на фунтата е поттикната и од слабеењето на доларот. Американската валута паѓа поради шпекулациите дека Федералните резерви би можеле да го забават темпото на зголемување на каматните стапки.

    ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКИОТ ПЛАН

    Новиот министер за економија,кој ги поништи скоро сите даночни намалувања на екс-премиерката Трус, ќе ја задржи својата работа во новиот кабинет. Во средата, се појави дека неговата изјава за јавните финансии на Обединетото Кралство сега ќе биде објавена две недели подоцна од планираното. Економскиот план требаше да се реализира следниот понеделник, но сега ќе се одржи на 17 ноември како целосна есенска изјава. Министерот Хант рече дека одложувањето ќе обезбеди дека се заснова на „најточни можни“ економски прогнози.

    Шеваун Хавиленд, генерален директор на Британската стопанска комора, предупреди дека земјата „не може да си дозволи да гледа повеќе превртување на политиките“. „Политичката и економската несигурност од изминатите неколку месеци беше многу штетна за британската деловна доверба и сега мора да дојде до крај“, рече таа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично