ПОВЕЌЕ

    Тина Зурнаци, Ерик ден Хоедт, Кристијан Шпахр и Винченцо Лe Воце како главни говорници на FOCUS Конференцијата

    Време зa читање: 3 минути

    Утре, на 25ти ноември почнува шестата едиција на FOCUS Конференцијата за иновација и комуникација во Јавната Администрација и Јавните Претпријатија и истата ќе трае до 26ти ноември.

    Како главни говорници на Конференцијта ќе земат учество:

    • Тина Зурнаци – Директор за Стратегиски Комуникации во Европската Комисија (ќе говори за прв пат)
    • Ерик ден Хоедт – Директор на Сервисот за Односи за Јавност на Владата на Холандија
    • Кристијан Шпахр – Генерален Секретар на Собранието за Европскиот Регион
    • Винченцо Ле Воце – Генерален Секретар на Venice Club
    • Боштјан Коритник – Министер за Јавна Администација
    • Горан Паук – Претседател на Градскиот Совет на Шибеник
    • Крешо Главач – Шеф на оделот за Односи со Јавност во Министерство за Надворешни и Европски Работи на Република Хрватска.

    Ќе се одржат два панели. Утре, на 25ти ноември во 12:00 часот, ќе се одржи панелот насловен како

    ,,Погледот на медиумите кон комуникациските пораки на Јавната Администрација”, на кој модератор ќе биде Дражен Дретар, со учество и на Јадранка Рабренович (Новинар во дневниот весник и портал ,,Pobjeda”); Роберт Кобан (Претседател на ,,Color Press Group” и Директор  на ,,Color Media Communications”); Борис Власич (Новинар во ,,Jutarnji List”); Аида Хаџимусиќ (Новинар и продуцент во ТВ ,,Al Jazeera”).

    Следниот ден, на 26ти ноември во 11:45 часот ќе се одржи панелот ,,Карактеристики и Предизвици на Комуникацијата во Политичките и Јавни Институции”, чиј модератор ќе биде Холгер Хаибах, со учество и на Мелита Павлек (Генерален Секретар на Хрватската Унија на Општини); Алмедина Порча (Асистент за Односи со Јавност и Информациски Систем на Градоначалникот на Општина Стари Град); Јелена Парезанович (Специјален Советник на Министерот во Министерството за Локална Администрација и Локална Самоуправа во Владата на Република Србија во оделот за Соработка со медиумите); Весна Шкаре Ожболт (Поранешен Пратеник и Министер за Правда на Владата на Република Хрватска.

    Конференцијата е организирана од ,,Apriori Institute for Integrated-Inclusive Communications of Southeast Europe” и ,,Konrad Adenauer Foundation”. Овозможена е поддршка и од ,,Apriori World Agency” и ,,Apriori Communications Agency” од Скопје.

    Учеството на Конференцијата е бесплатно и сите заинтерсирани можат да се регистрираат на официјалниот вебсајт: https://www.focus-conference.eu/.

    ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ: [email protected].

     

    Комерцијална објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично