ПОВЕЌЕ

    “Feel good Friday” со Mastercard картичките на Шпаркасе банка – нова наградна игра

    Време зa читање: 2 минути
    На 15.11.2019 г. Шпаркасе Банка Македонија ја започна новата наградна игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка“

    Наградната игра е наменета за сите нови корисници на било кој од пакетите за физички лица (S, М, L, Премиум) или Пакет за млади со вклучена Mastercard Debit бесконтактна дебитна картичка за физички лица издадена од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје кои аплицирале за еден од пакетите за времетраењето на наградната игра, како и сите корисници на Mastercard платежни картички за физички лица издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

    Сите нови корисници на S, М, L, Премиум пакет или Пакет за млади со вклучена Mastercard Debit кои аплицирале за еден од пакетите во наградниот период, добиваат една шанса за учество во Наградната игра. Во Наградната игра учествуваат и трансакции направени од страна на корисниците на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на продажните места и е – commerce трансакции во земјата и странство. Една шанса за учество добиваат корисниците на дебитна картичка (Mastercard Debit и Maestro) кои ќе направат поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД во наградниот период, односно двојна шанса за учество доколку трансакциите се направени со кредитна картичка (Mastercard Standard или Mastercard Gold).

    Сите физички лица со навршени 18 години кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра имаат шанса да освојат една од вредните парични награди:

    – 4 х 30.000 МКД – секој петок
    – 300.000 МКД – во главното извлекување

    Официјалните извлекувања на добитниците на наградите ќе се извршат на 29.11.2019, 6.12.2019, 13.12.2019 и 20.12.2019 г. и истите ќе бидат објавени на веб страната www.sparkasse.mk во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите.

    За повеќе информации околу наградната игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка“, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/3200-600 или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

    Линк до Правилата на наградната игра!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично