ПОВЕЌЕ

    Фејсбук и Епл: Војна со реклами

    Време зa читање: 2 минути

    Фејсбук се побуни против новите мерки на Епл, бидејќи промените поврзани со собирањето на кориснички податоци влијаат на тоа како се гледаат рекламите на оваа социјална мрежа.

    Многу огласувачи на Фејсбук се мали бизниси и индивидуи, а рекламирањето на Фејсбук е еден од основните начини за зголемување на видливоста, а со тоа и поголема заработка. Конфликтот меѓу двата гиганти започна со промени во рамките на оперативниот софтвер „Епл iOS“, кои вклучуваат зголемена видливост на опцијата за следење на корисникот.

    Фејсбук тврди дека оваа промена значително ќе ја намали ефективноста на насочените реклами. Епл е обвинет дека се обидел да го контролира целиот Интернет, бидејќи рекламирањето на социјалните мрежи стана еден од основните столбови на мрежата.

    Опцијата Транспарентност за следење апликации, поддржана од производителот на iPhone, ги вознемири другите гиганти и се посочува дека многумина се подготвени да сторат се за да го спречат тоа, и продолжуваат непречено да ги следат движењата и навиките на корисниците.

    Одредени мали производители се вклучија во разговорот, со цел да објаснат како насочените реклами им помагаат да опстојуваат за време на пандемијата. По тој повод, тие споменаа дека тие не се корпорации, туку обични работници, родители, семејни луѓе, кои не само што ги продаваат своите производи, туку и раскажуваат приказни што стануваат видливи благодарение на рекламирањето на Фејсбук.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично