ПОВЕЌЕ

    Евростат: Екстра трговија во ЕУ со производи за превенција од Ковид-19

    Време зa читање: < 1 минутa

    За да се спречи ширењето на пандемијата предизвикана од корона вирусот, земјите од целиот свет презедоа рестриктивни мерки, кои негативно се одразија на меѓународната трговија. Сепак регистрирани се неколку исклучоци поврзани со трговијата на производи за превенција и заштита од Ковид 19.

    Меѓу нив се производите што се користат за директен одговор на корона вирусот како производи за стерилизација (вклучително и средства за дезинфекција), медицински возила и мебел, заштитни алишта, опрема за дијагностичко тестирање, медицински помагала, опрема за кислород и медицински потрошен материјал.

    Во март 2020 година, увозот на екстра-ЕУ производи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 2% во однос на март 2019 година, за разлика од трговијата со други производи која падна за 5%.

    Во истиот период, екстра-извозот на производи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 18%, додека екстра-извозот на други спроизводи падна за 6%.

    И покрај економскиот пад и намалувањето на вкупната надворешно-трговска размена, трговијата се зголеми за скоро сите видови на производи поврзани со Ковид 19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично