ПОВЕЌЕ

    ЕУ предложи фонд од 750 милијарди евра за опоравување на економијата поради коронавирусот

    Време зa читање: 2 минути

    Фондот од 750 милијарди евра ќе го поддржи економското опоравување преку обезбедување 250 милијарди евра во заеми и 500 милијарди евра во грантови за земјите-членки на ЕУ.

    БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија денес предложи повеќегодишен буџет од 1,85 билиони евра (2 билиони долари) за земјите членки на Европската Унија (ЕУ).

    Планот вклучува нов инструмент за опоравување од 750 милијарди евра (825 милијарди долари) како помош во рестартирањето на европската економија по кризата предизвикана поради Ковид-19.

    Фондот, именуван Следна генерација ЕУ – го надминува регуларниот буџет на ЕУ од 1,1 билион евра (1,2 билион долари) за периодот 2021-2027 година.

    Фондот од 750 милијарди евра ќе го поддржи економското опоравување преку обезбедување 250 милијарди евра во заеми и 500 милијарди евра во грантови за земјите-членки на ЕУ.

    Наспроти буџетот на ЕУ, кој главно се заснова на придонесите на земјите членки, Европската комисија ќе го финансира фондот со земање кредити од меѓународните финансиски пазари.

    Ова е досега невиден потег од институцијата на ЕУ во обид да ја реши длабоката поделеност меѓу земјите членки на ЕУ.

    Италија и Шпанија ќе бидат главните корисници на овој фонд со добивање на поддршка во износ од 172 милијарди, односно 140 милијарди евра.

    Сепак, приближно половина од помошта се состои од заеми што овие земји треба да ги вратат на Европската комисија, што е далеку од она што тие го бараа.

    Лидерите на ЕУ треба да расправаат за буџетот лице в лице за време на нивниот состанок планиран за средината на јуни.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично