ПОВЕЌЕ

    ЕТЕ, МОЖЕЛО: Хрватски Кауфланд објави намалување на цените за 1.000 производи, ден откако хрватската Влада замрзна цени на вкупно 70 производи

    Време зa читање: 3 минути

    Повторно добри вести за хрватските потрошувачи дојдоа од трговските синџири на самиот ден од вториот по ред граѓански бојкот на супермаркетите.

    Еден од најголемите трговски синџири во Хрватска, Кауфланд објави дека ги намалува цените на повеќе од 1.000 производи по трет пат во една година, почнувајќи од 5 февруари 2025 година, објавија хрватски медиуми.

    Во екот на новиот бојкот, Владата на вчерашната средба со претставници на трговците и производителите донесе одлука за замрзнување на цените на дополнителни 40 производи. Ова го зголеми бројот на артикли со фиксна цена од претходните 30 на вкупно 70. Потегот доаѓа како одговор на растечкото незадоволство на граѓаните од високите трошоци за живот и инфлацијата.

    ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: ПРОФИТИ ЗА ПРВО МЕСТО – Во што се најдобри македонските маркети во регионот?

    Одлуката за нова листа на производи со ограничени цени денеска е на дневен ред на седница на Владата.

    Трговците ќе имаат седум дена да се приспособат, а одлуката треба да стапи на сила следниот петок, изјави вчера хрватскиот министер за економија, Анте Шушњар.

    Меѓутоа, имаше и критики. Многу економисти и трговци посочуваат дека замрзнувањето на цените не е долгорочно решение, а се погласни се барањата за намалување на ДДВ за храната. Според нивното мислење, токму даночните олеснувања би можеле да донесат долгорочни придобивки и стабилност на цените на основните прехранбени производи.

    Од Кауфланд потсетија дека, покрај овој потег, обезбедуваат повеќе од 1.800 артикли по промотивни цени секоја недела. Како што наведуваат, нивната цел е да им овозможат на граѓаните подостапно да ги купуваат основните намирници, приспособувајќи се на предизвиците на пазарот.

    „Со континуиран фокус на поволниот сооднос цена-квалитет, Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување. Со широк опсег од просечни 19.000 производи, сакаме да им обезбедиме на потрошувачите редовни можности за заштеда“, соопштија од Кауфланд.

    Намалување на цените имаше и во друг голем хрватски трговски ланец – Конзум, кој најави дека ги намалува цените на дополнителни 250 производи. Станува збор за атрактивни артикли од домашни производители, кои често се наоѓаат во потрошувачките корпи.

    Конзум наведува дека цените ќе останат заклучени до 1 јуни 2025 година, а можни се дополнителни надолни корекции.

    Просечниот попуст е 10 отсто, додека попустите на одредени производи надминуваат 30 отсто. Конзум во оваа нова рунда попусти вложи еден милион евра.

     

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично