ПОВЕЌЕ

    “Економист” го прогласи Аукланд за најдобар град за живеење

    Време зa читање: < 1 минутa

    Влијателното британско списание, Економист, го прогласи ново-зеландскиот Аукланд за најдобар град за живеење во споредба со 139 други градови во светот. За таквата одлука придонесе одличната реакција на овој град кој успешно се снајде во ситуацијата со пандемијата на коронарниот вирусот.

    Од 2018 до 2020 година, Виена ја носеше титулата за најдобар град за живеење. На овогодинешното рангирање, toj не е во ниту еден од првите десет градови, туку сега е позициониран на 12-то место. На редоследот значително влијаеше реакцијата на градовите на пандемијата, што Економист ја зеде предвид.

    Беше разгледана стабилноста, како и состојбата на здравствената заштита, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата.

    Меѓу десетте најдобро рангирани градови се наоѓаат Осака, Аделаида, Велингтон, Токио, Перт, Цирих, Женева, Мелбурн и Бризбејн.

    Меѓу десетте најлошо рангирани градови се наоѓаат Дамаск, Лагос, Порт Моресби, Дака, Алжир, Триполи, Карачи, Хараре, Дуала и Каракас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично