ПОВЕЌЕ

    Етериум ја помина границата од 4.000 долари, и по неколку часа

    Време зa читање: 2 минути

    Втората најпопуларна криптовалута Етериум утрово ја надмина магичната граница од 4.000 долари и постави нов рекорд. Имено, околу 7 часот, оваа дигитална паричка се тргуваше по цена од 4.130 долари, што е зголемување за скоро 4 проценти.

    Тековната вредност на етереумот е околу 4.115 долари, а пазарната капитализација на оваа криптовалута се приближува до половина трилион долари.

    Оваа вредност се задржа само неколку часа. Во 22:15 Етериумот вреди 3,882.66 долари.

    Аналитичарите веќе започнаа да шпекулираат колку може да скокне цената на етериумот, а последно, аналитичарите велат дека до крајот на оваа година криптовалутата може да достигне 40.000 американски долари.

    Биткоинот, најстарата дигитална валута, исто така „ја држи цената“, па утрово неговата вредност е околу 59.000 долари, што е скок од помалку од еден процент.

    Во последните 24 часа, цената на биткоинот се движеше од 56.500 до 59.400 долари.

    Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште над 1,1 трилиони долари, а оние кои се запознати со ситуацијата, очекуваат криптовалутата да се стабилизира во наредниот период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично