Работењето од дома, кое ни го наметна корона пандемијата, претставува ненадејна промена за многумина и прилагодувањето на ваквата работа за некои би можело да биде голем предизвик. Вистина е дека при работа од дома и не постои точно одредено работно време, па така може да се случи да работите цел ден и воопшто да немате време да завршите каква било друга обврска. Еден од најголемите предизвици кои доаѓаат со работата од дома е минимизирањето на одвлекување внимание. Клучно е да се придржувате до вашата вообичаена работна рутина која вклучува станување во одредено време, туширање, појадок, кафе и започнување со работа во исто време како и обично. Обидете се да останете во рутина и да не додавате обврски кои во принцип не би ги правеле додека сте на работа. На овој начин ќе успеете да ги исполните сите работни обврски во тек на работното време и кога часовникот ќе го означи неговото завршување, вие ќе можете останатото време да го посветите на себе и вашите најблиски.
Од особена важност е да не ги занемарите вашите паузи за кафе, чај или ручек.
За време на паузата, дозволете си да ги извршите сите плаќања кои би ви одземале повеќе време во чекање редици и плаќање на шалтер. Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија со можностите што ги нуди електронското банкарство на Халкбанк. Не само што е полесно и побрзо, туку е и побезбедно. Е-банкарството на Халкбанк овозможува вршење увид во моменталната состојба на сметката, извршените трансакции и моментална состојба на платежната картичка, вршење секакви плаќања, плаќање режиски трошоци, уплата на сметка на буџетски корисник и директна уплата на други сметки, и сето тоа од удобноста на вашиот дом. На овој начин ќе го заштедите слободното време, а истовремено ќе се заштитите себеси и вашите најблиски.
Со цел да се обезбеди висок квалитет и да се биде во чекор со модерните трендови, Халкбанк, исто така нуди и мобилно банкарство кое е достапно за таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем и каде се достапни сите услуги како и на десктоп компјутер. Потребна е само интернет конекција и сите обврски можете да ги завршите од каде било, во кое било време. За полесно совладување на чекорите на електронското и мобилното банкарство, Халкбанк постави и видео туторијали на својот YouTube канал.
За Халкбанк се важни луѓето, нивното здравје и добросостојба.
ПР Објава