ПОВЕЌЕ

    Доктор Игор Пеев за „Каде се парите?“: Имаме хирурзи и знаење, потребна е клиника за естетска медицина

    Време зa читање: 3 минути

    Македонија има пластични хирурзи со знаење стекнато во странство, на универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија има апаратура и се вршат естетски интервенции, кои по квалитетот не се разликуваат од оние во светот. Единствено може да заостануваме по некои ласерски техники, што е поврзано со скапи машини, вели д-р Игор Пеев за поткастот „Каде се парите?“. Освен тоа, Клиниката е конкурентна и со цените. И доколку некогаш се направи засебна клиника за естетска медицина, тогаш државата би можела да го развива овој вид здравствен туризам.

    Во моментот, сметам, го имаме човечкиот капацитет… Има неколку луѓе што биле на подолги престои во странство, своето знаење можат да го применат. Во моментот, на нашата клиника освен реконструктивните техники и пластично-хируршките индикации се работат во попладневните часови естетски интервенции. Продадени сме однапред три месеци, значи во тој дел интересот сѐ повеќе и повеќе расте. Но, една установа којашто би била специјално само за тој дел, недостасува. Јас овде не зборувам само за хируршките техники, зборувам за третман на кожа каде што би работеле и дерматолози или специјалисти по ласерска медицина, па сѐ до хируршки поинвазивни методи или операции кои би траеле по неколку часа“, посочува д-р Пеев.

    Што се однесува до цените, нагласува дека се многу пониски од оние во Латинска Америка или во споредба со било која европска земја. Најскап е фејс лифтингот, одосно затегнувањето на кожата од лицето, чини 129 илјади денари. „Цените кај нас, генерално, и споредбено и со регионот се многу поевтини, а да не зборуваме за западноевропските или прекуокеанските земји“, вели хирургот, додавајќи дека ценовникот со години наназад не е променет. Инаку, за филерите, ботоксот и естетската хирургија се заинтересирани подеднакво и жените и мажите. Кога се работи за филери, првите најмногу ги средуваат устата и „јаготките“, а вторите вилицата и брадата.

    Но, се прават и посериозни зафати – видоизменување на телото наречено липоскулптура и како што објаснува Пеев, вклучува моделирање на телото со сопствените масти, се одземаат од еден дел од телото и се ставаат на друг. Сепак, луѓето од Македонија за корекции одат во странство, најмногу во Турција.

    Многу фактори влијаат на тоа. Прво, Турција многу има инвестирано во своето образование. Јас сум бил таму на подолг престој и знам дека нивните специјализанти во текот на својата едукација за пластична и реконструктивна хирургија имаат обавезен престој во Америка… Второ, има многу голем популација на која што тие, како дел од својата едукација, како дел од својата работа мора да обавуваат пракса во источните делови на Турција, про боно. Значи, дел од специјализацијата на државата ја плаќаат со бесплатно работење, каде што вежбаат на луѓе, но под надзор. На тој начин добиваат многу големо искуство“, потенцира д-р Пеев.

    Смета дека тоа може да се реализира и кај нас.

    Ние сме солидна бројка од триесеттина искусни хирурзи кои, мислам, несебично би помогнале кој и да отиде во внатрешноста. Македонија е мала земја, може многу лесно да се пренесеме од еден до друг град. За жал, сите сакаат да работат на клиника, сите сакаат да работат во Скопје, кое сметам, веќе е пребукирано со доктори во мојата фела, а внатрешноста заостанува во тој поглед“, вели д-р Игор Пеев во „Каде се парите?“.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично