ПОВЕЌЕ

    Добивка се таложи во Окта – предложени три милиони евра за поделба на дивиденда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Речиси три милиони евра во бруто износ ќе поделат акционерите на Окта. Се работи за кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во износ од 184.506.480 денари, или бруто 218 денари по акција.

    Според календарот, последен ден за тргување со право на дивиденда е 21 јуни, а прв датум за тргување без тоа право е 22 јуни. Листа акционери со право на дивиденда се утврдува согласно акционерската книга со состојба на 23 јуни.

    Исплатата ќе почне на 26 јули.

    Случувањата, односно растот на цените на енергенсите на глобално ниво е поволен за Окта која делува на македонскиот пазар со удел од над 70 и на косовскиот од 36 проценти. Во текот на минатата година забележа зголемена, речиси удвоена продажба и висока профитабилност.

    Годишното собрание на акционерите е закажано за 30 мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично