ПОВЕЌЕ

    Во оваа земја, дигиталните плаќања се охрабруваат со поврат на средства 

    Време зa читање: 2 минути

    Италија е земја во која готовината сè уште преовладува меѓу начините на плаќање. За да ги охрабри луѓето да вршат дигитални плаќања, кои се сметаат за побезбедни за време на пандемијата, италијанската влада сега нуди награди во форма на поврат на средствата.

    Владата во Рим ја покрена иницијативата оваа недела. Тоа ќе го спроведе на начин што потрошувачите ќе преземаат посебна апликација на своите мобилни уреди и ги регистрираат своите дигитални начини на плаќање во неа, а потоа автоматски ќе добијат поврат на средства за секоја уплата направена со банкарска картичка или паметен телефон. Интернет купувањата се исклучени, пишува Блиц.

    За периодот на празничен шопинг, корисниците ќе добијат поврат на средства од 10 проценти од секое купување, најмногу до 150 евра, доколку направат најмалку десет дигитални плаќања до крајот на годината.

    Знак дека Италијанците сметаат дека идејата е добра е дека до почетокот на шемата овој вторник, 7,6 милиони луѓе ја презеле апликацијата. 

    На првиот ден од работењето, системот забележа многу проблеми, па многу потрошувачи не можеа да ја активираат апликацијата. Менаџерите објаснија дека ќе ги решат проблемите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично