ПОВЕЌЕ

    Дојче банка оствари нето добивка за прв пат од 2014 година

    Време зa читање: 2 минути

    Во 2020 година, Дојче банка се врати на патот на профитот за прв пат од 2014 година, благодарение на силниот оддел за инвестициско банкарство, објави денеска германскиот заемодавател.

    Нето добивката на банката која се припишува на акционерите е 113 милиони евра (135,69 милиони долари), во споредба со загубата од 5,7 милијарди евра забележана во 2019 година, пренесува Ројтерс.

    Аналитичарите предвидоа дека банката ќе забележи загуба од околу 300 милиони евра во 2020 година.

    Враќање во профитабилен бизнис е успехот на извршниот директор Кристијан Зевинг, кој дојде на чело на банката во 2018 година со цел да направи пресврт во бизнисот на германскиот најголем заемодавател, после години загуби и плаќање високи казни за перење пари и улога во хипотекарната криза.

    „Поставивме солидна основа за одржлива профитабилност, уверени сме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и во 2021 година, и покрај временските предизвици“, рече Зевинг.

    Дојче банка, како и нејзините многу конкуренти, забележа силен раст на тргувањето со акциите на берзата поради нестабилноста на пазарот поврзана со пандемијата. Овој сегмент беше одговорен за позитивниот финансиски резултат на оваа инвестициска банка минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично