Кризната состојба поврзана со можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати ќе има продолжено времетраење до 20 јули. Пратениците денес треба да ја усвојат одлуката предложена од Владата. Таа е и единствената точка на дневниот ред на 99. собраниска седница закажана за 12 часот.
Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати е усвоена на владината седница одржана во вторникот. Заснована е на уставните и законските одредби за управување со кризи.
Како причина за продолжувањето се наведува ризикот од пореметувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата, што може да влијае врз енергетската и економската стабилност.
Откако предлогот ќе го мине собранискиот филтер, одлуката ќе започне да се применува од 21 април, веднаш по објавувањето во „Службен весник“.
Аналитика








