ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка вработува – јавен оглас

    Време зa читање: 3 минути

    Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 4 лица за работно место Соработник за банкарски услуги за правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги за правни лица во Скопје.

    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

    Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

    Неделно работно време: понеделник – петок

    Работното место воглавно ги содржи следниве активности:

    – исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;
    – кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
    – тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
    – извршување на теренски промотивни и продажни активности;
    – координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
    – контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.

    За ова работно место е предвидена основна нето плата од 23.000 до 31.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

    Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:

    – Развиени односи со деловни клиенти;
    – Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
    – Самомотивираност и способност за самостојно работење;
    – Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
    – Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
    – Висок степен на прецизност;
    – Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
    – Добри комуникациски и продажни вештини;
    – Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;
    – Можност и афинитети за работа на терен;
    – Солидно познавање на англиски јазик;
    – Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
    – Возачка дозвола „Б“ – категорија.

    Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: [email protected] со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

    Огласот ќе биде активен заклучно со 13.9.2019 година.

    Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

    Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично