ПОВЕЌЕ

    Цени на горивата во регионот: Eуросупер 95 е најевтин во БиХ, еуродизелот во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на Еуросупер 95 е повисока од просечната во регионот, додека Еуродизелот е речиси на ниво на просечната регионална вредност, покажуваат податоците од Билтенот на Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора.

    Според податоците од новиот Билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,5 евро. Во Албанија може да се купи за 1,6 евра, а во Хрватска 1,52 евра.

    Литар Еуросупер 95 е поевтин во Србија каде чини 1,46 евра, Северна Македонија 1,27 евра и Босна и Херцеговина (БиХ) 1,25 евра, пренесува Мина.

    Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Бугарија, 1,24 евра, а најскапите жители на Холандија 2,01 евро.

    Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,39 евра. Во Албанија може да се купи за 1,59 евра, во Србија за 1,53 евра, а во Хрватска за 1,52 евра.

    Литар Еуродизел е поевтин во БиХ каде чини 1,25 евра, а во Северна Македонија за 1,15 евра, што е најниско во Европа.

    Шведските граѓани за најскапиот еуродизел плаќаат 2,04 евра.

    На неделно ниво Министерството ги објавува основните податоци кои се однесуваат на малопродажбата на нафтени деривати, односно споредбените цени на горивата во регионот и Европа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично