ПОВЕЌЕ

    Цената на нафтата на највисоко ниво од март

    Време зa читање: 1 минутa

    Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија поради знаците за подобра побарувачка и ниските резерви во САД, но трговците внимателно ја следат пандемијата на коронавирусот. Цената на нафтата порасна на највисоко ниво од март.

    На лондонскиот пазар цената на барел нафта од брендот „Брент“ за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5% односно на 36,29 американски долари по барел. Во Њујорк, барелот нафта се тргуваше поскапо за 76 центи од цената од 32,71 американски долари.

    Американската „лесна“ нафта ВТИ, поскапе за 67 центи или за 2% повеќе, и сега изнесува 34,16 долари. Од 11 март ова е највисока цена на „црното злато“.

    Трговците беа охрабрени од податоците на Американскиот институт за нафта (АПИ) за намалување на резервите на сурова нафта минатата недела за 4,8 милиони барели.

    Преработката во рафинериите порасна за 229.000 барели на ден, што покажува дека рафинериите се обидуваат да произведат повеќе гориво после попуштање на мерките на ограничување на движењето во повеќе држави во САД, кое беше предизвикано од коронавирусот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично