ПОВЕЌЕ

    Бранка Славеска со големо меѓународно искуство се враќа во „Тиквеш“

    Време зa читање: 2 минути

    Од првиот ден на 2024 година со Винарската визба „Тиквеш“ ќе раководи Бранка Славеска. На функцијата генерален директор стапува со 25-годишно професионално искуство во индустријата за пијалаци, стекнато со работа во реномирани домашни и мултинационални компании.

    Зад себе има одлични резултати. Успешно раководела тимови и процеси, при што ги унапредувала деловните перформанси и влијанието во доменот на ЕСГ стандардите. Преку нејзиниот ангажман, компаниите за кои работела постигнале развој и раст на нови пазари во различни региони на меѓународно ниво, наведено е во известувањето од Винарската визба објавено на Македонска берза.

    На сето тоа упатуваат и многуте информации што за машинскиот инженер со магистратура на програмата МБА, на Универзитетот во Шефилд, Бранка Славеска можат да се најдат на интернет.

    Почетоците на успешната кариера се во „Пивара Скопје“. Продолжува во „Хајнекен“, каде што работела на високи раководни позиции за пазарите во Средна и Источна Европа, била директорка за продажба и дистрибуција за Белорусија, како и за имплементација на продажните активности во Русија. Исто така имала и ангажман во регионот, во Босна и Херцеговина и во Хрватска. А, достигналаи до позицијата претседател на Управата на „Хајнекен“.

    Со „Тиквеш“ ова не и е прв работен контакт. Славеска била комерцијален директор на винарницата во 2005 – 2006 година.

    Во едно интервју вели дека е важно да се биде лидер и квалитетно да се водат и мотивираат вработените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично