ПОВЕЌЕ

    Богатството во време на корона: Олигарсите станаа уште побогати

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на милијардери во Русија за последните два месеци се зголеми од 99 на 101 лице.

    Нивното вкупно богатство се зголеми од 392 милијарди на 454 милијарди долари, објави Forbes.

    Богатството на петте најбогати граѓани на Русија е зголемено за 22,6 милијарди долари, до 109,5 милијарди долари од 18 март, кога започна пандемијата од коронавирус.

    Кој се збогати за време на пандемијата:

    · Владимир Потанин, сопственик на Norilsk Nickel – за 6,4 милијарди долари (до 26,1 милијарди долари),

    · Вагит Алекперов, ко-сопственик на Lukoil – за 5,6 милијарди долари (до 20,8 милијарди долари),

    · Леонид Микелсон, претседател на бордот на директори на Novatek – за 5,4 милијарди долари (до 22,5 милијарди долари),

    · Владимир Лисин, ко-сопственик на NLMK – за 2,9 милијарди долари (до 21 милијарди долари),

    · Алексеј Мордашов, претседател на Severstali – 2,3 милијарди долари (до 19,1 милијарди долари).

    За време на пандемијата, двајца Руси успеаle да влезат во кругот на милијардери – претседателот на бордот на директори на концернот Rosium, Роман Авдејев и шефот на групата за рибна индустрија Norebo, Виталиј Орлов.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично