ПОВЕЌЕ

    „Best Buy Award“ за Комерцијална банка затоа што обезбедува најдобра услуга за најдобра цена

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка се стекна со уште едно меѓународно признание – „Best Buy Award“ за 2023/2024 година, како резултат на тоа што нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар на банкарски услуги. Банката е особено горда и почестена од оваа награда, која ја доделува швајцарската организација ICERTIAS, затоа што таа е „гласот на клиентите“.

    Оваа награда се доделува врз основа на изборот на потрошувачите, кои на истражувањето од ICERTIAS одговорија дека од Комерцијална банка добиваат најдобар квалитет на производите и услугите за најдобра цена. Наградата е признание за компаниите кои обезбедуваат најдобра вредност за парите и им помагаат на потрошувачите да донесат информирани одлуки за купување.

    Наградата „Best Buy Award“ се доделува во над 40 земји на 5 континенти и ја имаат добиено редица реномирани компании кои во фокусот на своето работење го имаат интересот на потрошувачите.

    „Best Buy Award“ е уште еден поттик за да останеме фокусирани на интересот и потребите на нашите клиенти, на постојаните иновации и инвестиции во нови производи и услуги кои ги следат новите потреби на пазарот, на знаењето, посветеноста и професионалноста на вработените за да донесат клиентите вистинска финансиска одлука.

    Оваа награда доаѓа кратко време по прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобра банка за 2023 година во Македонија“, што е уште едно признание за лидерската позиција на Банката, која постојано создава иновативни и модерни финансиски можности и решенија за физички лица, компании, како и за мали и средни бизниси, со цел да остане нивниот партнер во создавањето среќа, задоволство и успех.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично