ПОВЕЌЕ

    Берзата во Хонг Конг нуди 32 милијарди британски фунти за купување на Лондонската берза?!

    Време зa читање: 3 минути

    Берзата од Хонг Конг (Hong Kong Exchanges and Clearing – HKEX) со понудата да ја купи Берзата во Лондон (London Stock Exchange – LSE) за 32 милијарди фунти или скоро 40 милијарди долари, се соочува со одбивање на понудата заради политички ризик и стуктурата на предлогот, според експертите, пишува Financial Times.

    Оваа понуда на HKEX ги запрепсти инвеститорите на LSE, на една од највисоко профилираните финансиски институци во Лондон.

    Минатиот четврток на почетокот на тргувањето во Хонг Конг, акциите на НКЕХ паднаа за 3%, бришејќи 1 милијарда амер. долари од акционерскиот капитал на компанијата којашто го одржува четвртиот по големина пазар на капитал во светот според прометот.

    Во понудата НКЕХ соопштија дека со купувањето ќе ги спојат најголемите и најзначајните финансиски центри во Европа и Азија.

    Меѓутоа, Лондонската берза е прекрупен залак. Од неодамна Берзата во Лондон го купува Refinitiv – една од водечките компании во обезбедување и обработка на пазарни податоци, анализи за тргување, проценка на ризиците и сл. во комбинација на новите технологии. Се чека на одобрување на акционерите, а со тоа LSE ќе биде позиционирана на високо скалило со огромно влијание на светскиот пазар. Исто така, LSE ги држи тргувањата и клириншките куќи коишто ја имаат најголемата улога како крвоток на глобалните пазари на капитал. Од Владата на Велика Британија велат дека „LSE е критички клучен дел од финансискиот систем на ВБ… и како што очекувате, Владата и регулаторите ќе ги разгледаат деталите одблизу“.

    Владата на Хонг Конг пак, е најголемиот акционер на Берзата во Хонг Конг. Од НКЕХ велат дека LSE може да ги профитира податоците од пазарот во Кина и да му помогне на Лондон да се поврзе со брзорастечкиот домашен капитал на Кина.

    „Соединувањето на НКЕХ и Лондонската берза заедно ќе ги редефинираат глобалните пазари на капитал во наредните децении“, рече Чарлс Ли, главен извршен директор на НКЕХ. „Двете бизниси имаат одлични брендови, финансиска сила и докажан раст. Заедно, ќе ги поврземе Истокот и Западот, ќе бидеме поразновидни и ќе можеме да им понудиме на клиентите поголема иновација, управување со ризик и можности за трговија“.

    Договорот, доколку биде завршен, ќе биде далеку најголем во историјата на Берзата на Хонг Конг, но не и единствен, претходно НКЕХ ја купи Лондонската берза на метали за 1,4 милијарди фунти или 1,7 милијарди амер. долари во 2012 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично