ПОВЕЌЕ

    Како да поднесете барање за финансиска поддршка за исплата на плата БФП-ИП?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Барање за финансиска поддршка за исплата на плата БФП-ИП се поднесува преку системот е – Даноци за секој месец поединечно.
    Управата за јавни приходи ја проверува комплетноста на барањето, и во рок од 3 дена ја потврдува истата.

    Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5000. Работодавачи од секторите угостителство, туризам и транспорт може оваа мерка да ја комбинираат со мерката за субвенционирање на придонеси од задолжително осигурување, со поднесување на образец БС-ПЗСО, така што во полето 3.23 од МПИН образецот внесува соодветна шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5000.

    Сите прашања во врска со Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати, Барањата за субвенција на придонеси од задолжително осигурување, Барањата за ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка и данок на личен доход може да се постават на е-пошта: [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично