ПОВЕЌЕ

    БАНКИТЕ ВО ФОКУС НА ИНВЕСТИТОРИТЕ: Акциите на Комерцијална и на НЛБ најтргувани во ноември

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на две банки од големата тројка – на Комерцијална и на НЛБ биле во фокусот на вниманието на инвеститорите во ноември. Во друштвото на ТОП 5 најтргувани, каде што акцијата на Комерцијална банка го има „резервирано“ врвот, овојпат НЛБ е второпозиционирана и за едно место подолу го спушти „Алкалоид“.

    Какви биле движењата, покажува статистичкиот билтен на Македонска берза за ноември.

    Со акциите на Комерцијална банка се реализирани 490 трансакции. Постигната е просечна цена од 13.490,65 денари. Со истргуваните 8.930 акции, во БЕСТ системот е забележан промет од 120.471.518 денари/1.959.020 евра. Во структурата на прометот учествува со 39,29 проценти.

    Ноемвриската просечна цена на акцијата на НЛБ банка е 28.810,56 денари. Истргуваните 2.091 акција преку 158 трансакции, обезбедиле промет од 60.242.887 денари/979.638 евра и удел од 19,65 проценти.

    Низ 252 трансакции истргувани се 2.949 акции на скопски „Алкалоид“. Остварен е промет од 52.756.011 денари/857.880 евра и учество во структурата од 17,21 отсто. Просечната цена е 17.889,46 денари.

    Во ноември, според интересирањето на инвеститорите, акцијата на „Гранит“ е на четвртото место, а просечната цена е 1.196,80 денари. Преку 77 трансакции истргувани се 14.857 акции, со кои е реализиран промет од 17.780.915 денари/289.142 евра. Учеството е 5,80 проценти.

    Вообичаено, цената за акција на „Макпетрол“ е највисока во петорката. Во ноември просекот е 63.845,14 денари. Истргувани се 230 акции преку 84 тансакции. Со остварениот промет од 14.684.383 денари/238.786 евра има удел од 4,79 проценти.

    Инаку, официјалниот пазар, кој во структурата на прометот партиципира со 88,55 проценти, во ноември евидентирал 1.395 трансакции и промет од 307.481.914 денари/5.000.065 евра.

    На редовниот пазар прометот е 4.134.899 денари/67.240 евра направен преку 13 трансакции, а неговиот удел е 1,19 проценти.

    Во ноември се забележани само три блок трансакции со промет од 35.625.615 денари/579.344 евра и учество од 10,26 проценти.

    Берзанската статистика покажува дека активностите во претпоследниот месец од годината предизвикале позитивни движења.

    Пазарната капитализација е 229.486.854.368 денари/3,72 милијарди евра и има месечен раст од 0,78 насто.

    Вкупниот промет е зголемен за 8,16 проценти и го достигнал  нивото од 347.242.428 денари/5.646.648 евра.

    Зголемување за 42,24 насто има кај трансакциите – 1.411 на број.

    Берзанскиот индекс МБИ10 имал вредност 6.046,34, остварениот месечен раст е 2,37 проценти.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично