ПОВЕЌЕ

    Банката Шваб вели дека има потреба од регулаторна јасност на крипто-валутите

    Време зa читање: 2 минути

    Банката Шваб вели дека е потребна регулаторна јасност на крипто-валутите пред да има било какви понуди.

    „Ние би сакале да видиме поголема регулаторна јасност“, рече Главниот извршен директор на Шваб, Волт Бетингер, на повик со аналитичарите. „И ако дојде тоа, треба да очекувате Шваб да биде “играч” во тој простор на ист начин како што е играч и во други можности за инвестирање низ целиот спектар.“

    Комисијата за хартии од вредност на САД, најверојатно, ќе ги подготви своите први упатства за криптовалутите, откако новиот претседател на агенцијата, Гери Генслер, на почетокот на овој месец вети дека ќе обезбеди „насоки и јасност“ на пазарот што брзо се развива.

    Вредноста на криптовалутите доживеа повеќекратно зголемување во последниве години, делумно водена од инвеститори кои бараат средства со високи приноси во услови на ниски каматни стапки.

    Биткоин, најголемата криптовалута, минатата недела достигна рекордно високо ниво, но оттогаш растот некако се “олади”.

    Шваб со седиште во Сан Франциско, кој има 31,9 милиони активни брокерски сметки, исто така рече дека внимателно ги следи сите нови случувања за тоа дали регулаторите ќе дозволат крипто-базиран производ ориентиран кон инвестиции, како фонд со кој се тргува со размена.

    „Ако Чарлс Шваб, одлучи да учествува на крипто пазарот, ќе бидеме високо конкурентни, ќе бидеме нарушувачи и ќе бидеме ориентирани кон клиентите“, рече Бетингер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично