ПОВЕЌЕ

    Ворен Бафет: Мојот живот е секојдневна забава и нема никаква врска со пари

    Време зa читање: 2 минути

     

    Милијардерот Ворен Бафет, има многу причини да биде среќен. Една од најголемите е веројатно тоа што тој во моментов е четвртата најбогата личност во светот, со нето вредност од околу 90 милијарди долари.

    Но, Бафет вели дека неговиот финансиски успех не е извор на неговата среќа, туку тоа се неговите најблиски и фактот дека ужива во својата работа.

    „Иако можам да направам многу други работи со моите пари, не можам да купам време, не можам да купам љубов. И, која е причината што секое утро станувам среќен и возбуден од кревет, иако имам 90 години? Тоа е затоа што го сакам она што го работам и ги сакам луѓето околу мене “, рече неодамна Бафет.

    „Имам 25 луѓе во мојата компанија, Беркшир Хатавеј. Тие се обидуваат да ми го направат животот добар, а јас се обидувам да возвратам “, објасни тој.

    Бафет честопати порано зборуваше дека парите не можат да направат никого среќен.

    „Да имате еден милион нема да ве направи среќен, затоа што кога ќе погледнете наоколу, ќе видите дека има луѓе кои имаат два милиони долари“, рече тој.

    Според милијардерот, дури и кога имал 10.000 американски долари, тој бил среќен затоа што „се забавувал“.

    Состојбата е слична и денес, иако со милијарди долари повеќе.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично