ПОВЕЌЕ

    Азиските пазари на пат до најголемата неделна загуба од октомври

    Време зa читање: < 1 минутa

    На азиските берзи цените на акциите паднаа во петокот, четврти ден по ред, и се на патот до најголемата неделна загуба од октомври минатата година, а индексите на фјучерси во САД и Европа се во црвено.

    Индексот на акции и пацифик MSCI, без јапонскиот, се намали за 0,5 проценти околу 7:00 часот, и ослабе четврти ден по ред. Од почетокот на неделата е во загуба од околу 3,8 проценти. На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 1,6 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Шангај, Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 2,6 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично