ПОВЕЌЕ

    Азиските берзи закрепнаа по потресот поради изјавата на Наваро

    Време зa читање: 2 минути

    Азиските берзи денеска закрепнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека трговскиот пакт меѓу САД и Кина е „целосно недопрен“, со што ја отстрани забуната претходно предизвикана од изјавата на Белата куќа за судбината на тој договор.

    Најширокиот индекс на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските МСЦИ, се зголеми за 0,72 проценти на 517,1 поени, закрепнувајќи од нивото на 509,9 поени на кое падна за време на претходното нестабилно тргување.

    Кинеските акции исто така ги надокнадија првични загуби, а индексот на најликвидните акции се зголеми за 0,38 проценти.

    На почетокот на тргувањето на берзите во Азија, нервозата беше предизвикана од изјавата на советникот на Белата куќа, Питер Наваро, дека трговскиот договор со Кина е „готов“, што делумно се припишува на гневот на Вашингтон, кој го обвинува Пекинг дека не ја алармирал јавноста на време за избувнувањето на коронавирусот.

    Изјавата поттикна распродажба на берзите, но расположението брзо се поправи кога Наваро, инаку отворен критичар на Кина, рече дека неговите зборови се извадени од контекст.

    Трамп дополнително ја смири нервозата со порака на Твитер во која напиша: „Кинескиот трговски договор е целосно недопрен. Се надевам дека тие ќе продолжат да ги исполнуваат обврските од договорот“.

    Индексот на берзата во Хонг Конг зајакна за околу 1,0 проценти на тргувањето во раните попладневни часови, јужнокорејскиот Коспи се зголеми за 0,54 и јапонскиот Никеи за 0,8 проценти.

    Златото, кое се смета за безбедно засолниште за инвестиции, скокна веднаш по коментарот на Наваро за договорот, за подоцна да дојде до распродажба на „жолтиот метал“ по објаснувањето на Белата куќа, а закрепнување регистрираа и валутите чувствителни на ризик.

    На девизните пазари во Азија, на попладневното тргување јапонскиот јен ослабна во однос на доларот на 107,13, додека еврото малку зајакна на 1,1666 долари.

    На стоковите берзи, американската нафта WTI падна за 0,22 проценти, или за 13 центи, на 40,64 американски долари за барел, додека северноморската нафта брент падна за 13 центи, на 43,07 долари за барел.

    Цената на златото за испорака веднаш се стабилизира на 1,754,52 американски долари за унца, откако падна за 0,2 проценти.

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично