Fortnite, популарната видео игра направена од Epic Games, е отстранета од App Store на Епл.
„Epic Games ги прекрши правилата на App Store, кои се применуваат еднакво за секој развивач, и се дизајнирани да ја чуваат продавницата безбедна за нашите корисници“, рече портпаролот на Епл за CNBC.
Epic Games одговори со поднесување тужба против „Епл“: „Отстранувањето на Fortnite на Епл е уште еден пример на Епл да ја покаже својата огромна моќ со цел да наметне неразумни ограничувања и незаконски да го задржи својот 100% монопол над пазарот за обработка на плаќања во апликација за iOS“, се вели во тужбата.