ПОВЕЌЕ

    Повеќе од 40 американски држави ќе поднесат тужба против Фејсбук?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Неколку американски држави предводени од Њујорк го испитуваат Фејсбук за можно нарушување на довербата и безбедноста, а следната недела планираат да покренат тужба против овој гигант, дознава Ројтерс.

    Повеќе од 40 американски држави планираат да поднесат тужба. Претходно Фејсбук, беше тужен од Министерството за правда на САД, кое истражува четири големи технолошки компании во светот – Амазон, Епл, Гугл и Фејсбук.

    Не е познато што точно ќе опфаќаат тужбите, но едно од обвинувањата што често се споменува, е стратешкото купување на конкурентите како што се Инстаграм и Whatsapp.

    Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, сведочеше во Конгресот дека компанијата има голем број конкуренти, од кои некои се огромни, и дека Фејсбук им помогна на WhatsApp и Instagram да ги зајакнат и да ги претворат во моќни социјални мрежи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично