ПОВЕЌЕ

    Американците изгубија 145 милиони долари поради измама поврзана со Ковид-19 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американските потрошувачи поднеле повеќе од 205.000 извештаи за измама поврзани со пандемијата на коронавирусот од почетокот на оваа година, според Федералната трговска комисија (ФТК).

    Просечната загуба е 300 американски долари, според Федералната агенција. Но, финансиската загуба кај оние над 80-годишна возраст, и покрај тоа што биле жртви на измама поретко од помладите, била повеќе од двојно поголема од просечната, поточно 655 долари по лице, според ФТК.

    Измамниците користеле различни начини да измамат невнимателни Американци, вклучително и прекршувања поврзани со проверки на државната финансиска помош и поволности за невработените, фалсификувани лекови и таканаречени добротворни активности.

    „Додека луѓето се плашат за сопствените животи и финансии, за мајсторите на измама тоа е можност“, вели Лиза Бејкер од американскиот фонд за образование ПИРГ.

    Се претпоставува дека реалниот број на измамници е многу поголем затоа што тие не ги пријавуваат сите случаи кога некој ќе ги остави без пари на тој начин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично