ПОВЕЌЕ

    „Алкалоид“ со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Најголемата македонска фармацевтска куќа „Алкалоид“ доби признание за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година.

    Во рамки на Европската недела за безбедност и здравје при работа, насловена „Безбедност и здравје при работа во дигиталната ера“, се реализира настан во организација на Советот за БЗР и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Целта е да се зголеми нивото на знаење за важноста на безбедноста и здравјето при работа во новото време на експанзивни дигитални промени.

    „Алкалоид“ како компанија која постојано вложува во унапредување на овој систем, ги следи сите работни процеси и ги имплементира најдобрите практики за зачувување на здравјето на вработените, посебно користејќи ги придобивките од дигитализацијата и од дигиталните технологии, што резултира во безбедна работна средина и во широко препознаена и наградена заложба за безбедност и здравје при работа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично