ПОВЕЌЕ

    Акциите на „Алкалоид“ и „Македонски телеком“ најбројни во нетрговските трансфери

    Време зa читање: 2 минути

    Обични акции, 2.075 на број, издадени од четири компании и една банка е резултатот од нетрговските трансфери реализирани во текот на минатата скратена работна недела. Во преносот на акциите во вид на подарок, наследство, по сила на судска одлука или договор за залог, предничат издадените од скопски „Алкалоид“ и „Македонски телеком“.

    Со вкупно 940 акции, трансферирани во три наврати, овојпат предничат хартиите од вредност на „Алкалоид“. Во понеделникот сопственоста е пренесена кај 508, во средата кај 82 обични акции и во четвртокот уште 350.

    Од дневните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза, се забележува дека акциите на „Македонски телеком“ редовно се на овие листи. Последно, се работи за вкупно 935 обични акции. Пренесени се на двапати – 350, па 585.

    На двапати (понеделник и вторник) низ овој процес минале и 74 акции на „Макпетрол“ – прво 66, па осум.

    Низ процесот на нетрговски пренос сопственоста е променета и на 48 обични акции емитувани од „Пелистерка“ АД Скопје.

    Битолската Стопанска е единствената банка чии акции минатата недела се нетрговски трасферирани. Сопственоста е пренесена кај 78 обични акции.

    Оваа активност била најголема во четвртокот, кога е забележан нетрговски трансфер на 1.013 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично