ПОВЕЌЕ

    Aнализа на JK Wealth Management – Економските мерки при Корона криза

    Време зa читање: 6 минути

    Во период кога веќе на долго и на широко секоја земја, засебно или како дел од некои политички и економски групации, изнесува предлози за фискална и монетарна подршка за сопствените економии во застој, нашето внимание ќе биде насочено кон општиот пристап кој тековната политичка гарнитура го има кон економските мерки кои МОРА да ги имплементира во нашата држава.

    Пред да навлеземе на изнесување на еден општ заклучок, би сакале да приложиме еден мошне битен податок од кој и го извлекува на крајот нашиот став. Имено, вчера и денеска Америкаснкото биро за статистика ги објави бројките за тековно бработените како т.н. “jobless claims” или нешто налик на барања на нивните граѓани за заштита при невработеност. Имајќи на ум што сé Американската администрација направи од мерки и активности за заштита на работните места во приватниот сектор, стимулирање на потрошувачката и заштита на ликвидноста во нивниот (па дури и глобалниот) финансиски систем, истата таа Американска администрација објави бројка од 701.000 помалку постојано вработени и дури 6,67 милиони нови барања на нивните граѓани за заштита од невработеност (вклучувајќи ги прекините на нам познатите “договор на дело”). Во параметри искажано, тоа значи дека 2% од нивната вкупна популација или 4.4% од работоспособното население добило ОТКАЗ САМО ВО ИЗМИНАТИТЕ 2 НЕДЕЛИ!

    Според некои нивни пресметки, стапката на невработеност во пикот на оваа изнудена рецесија ќе им пробие 10% од работоспособното население. При тоа, уште повеќе во овој случај би го нагласил зборот рецесија бидејќи веќе е потврдено од глобалните системи како MMF, WB, ECB, FED, RBC, RBE, BoJ дека вкупната глобалана економија е влезена во рецесија а пак Fitch веќе ги издаде и конкретните бројки – БДП-ата на ЕУ зоната, САД и Велика Британија ќе контрахираат за  4.2%, 3.3% и 3.9% соодветно а пак Кина ќе има едвам 2% раст (најнискиот раст во последните 17 години!)

    Имајќи ги во пред тековно важечките мерки изнесени од Македонската администрација (особено мерките што сеуште ги нема за дестимулирање на отпуштањето на работниците од приватните компании па се до дополнително стимулирање на истите тие приватни компании за задржување на работните места на своите вработени – јасно е дека работните места на јавниот сектор се загарантирани), навистина плаши фактот дека можниот удар кој оваа економија ќе го претрпи во оваа рецесија на име стапка на невработеност може значително да се прелие во општата потрошувачка и следствено во СИТЕ сфери на општевствениот и особено економскиот систем на дравава. Во овие услови, нашата администрација МОРА да се потпре на искусни макроекономисти кои знаат да екстраполираат проекции на макроекономските текови и во најкус можен рок (буквално во следните неколку дена) да претстават некакви мерки за заштита на работните места. Со сигурност можеме да кажеме дека проблемите со невработеноста нема да ги видиме веднаш по завршувањето на медициснкиот дел од кризата со Коронавирусот, но за 6 до 12 месеци од денеска, на нашата економија и висат околу 10% нова невработеност на веќе постоечката ако немаме соодветни превземени мерки кон заштита на работната сила. Ваквата стапка на невработеност со сигурност ќе ја намали приватната потрошувачка, следствено ќе го зголеми процентот на нефункционални кредити (особено кај физичките лица иако постои здрав ризик за нефункционалност и кај сите оние фирми кои се бореа со ликвидност уште пред почетокот на кризата) а со тоа на крај се доведува во прашање и кондицијата на банките да го шират своето кредитно портфолио, да го финансираат економскиот раст кој ќе ни биде очајно потребен за да на крај со тоа се обезбеди непречено функционирање на јавната потрошувачка за 2021 година на проектираните цели. Пократко кажано, во оваа криза скоро сите поразвиени економии пристапија кон значајно поголема јавна потрошувачка (кај сите тоа се врши со експоненцијално зголемување на јавниот долг) за да се осигура опстанок на приватниот сектор, приватната вработеност и потрошувачка и со тоа да нема прекин во проекциите за идната јавна потрошувачка.

    Барем до денешен ден додека ја пишуваме оваа анализа, сите ние што имаме основно познавање на економијата и со рудиментиран пристап до информации за плановите за економски мерки на сегашната администрација укажуваат дека сите досегашни активности се навистина оскудни и недоволни. Јасно е дека ова што денес го имаме е техничка влада чија основна цел е спроведување на изборите, следствено мерките што се донесоа и се мислат да се донесат во голема мера се оптоварени со проекции на реперкусиите што оваа политичка гарнитура ќе ги има од секоја донесена мерка на идните избори. Затоа и треба да истата таа политичка гарнитура се насочи кон носење на целокупната кризна економска стратегија со надпартиски и консензуални мерки во кои сите политички субјекти ЌЕ МОРААТ да се вклучат со свои партиски и надпартиски стручен кадар како не би имало простор за политичко профитерство во време кога економскиот опстанок на Македонија е доведен во прашање. При тоа, мораме да подвлечеме дека било каква споредба со останатите земји во делот на нашите мерки е навистина проблематичен поради еден дополнително отежнувачки факт за нас – фиксниот девизен курс. Сите земји имаат прифатено флексибилен девизен курс или Евро деноминација (ЕCB ќе пристапи кон откуп на т.н. Корона обврзници од сите членки на ЕУ а не само од членките на ЕВРО зоната) додека ние со нашиот ПЕГ/фиксебн девизен курс можеме многу полошо да поминеме.  Во услови кога фиксниот девизен курс се брани со интервенција на Централната Банка со расположливи девизни резерви, успехот на таа мерка да одбраниме 61.5 денари за 1 евро зависи од странските директни инвестиции, дознаките на нашите граѓани од странство кон Македонија како и извозот на домашните производи и услуги кон странство. Во услови кога од една страна сме значително зависни од увоз на енергија (за каде се чуваат најголем дел од девизните резерви) наспроти состојбата кога ако не сите три, барем два од трите извори на девизи ни се комплетно секнати, единствен начин да го одбраниме фиксниот девизен курс (доколку не превземеме или задоцниме со соодветни економски мерки) е да имаме намалена потрошувачка на добра. Тоа де факто ќе не врати кон  воведување на акцизи за увозните добра и услуги, недостаток на производи, линии пред бензински пумпи и маркети, пад на инфлацијата и раст на невработеноста. Тогаш веќе единственото решение за борба со галопирачката невработеност ќе биде да се печатат денари за да се стимулура инфлацијата а со тоа сакале или не – девалвацијата на денарот ќе стане неминовна ралност. Уште капак на се е се погласното коментирање дека оваа рецесија од првично проектиранaтa V форма (брз пад и брзо опоравување) ќе заврши како L – форма (брз пад но долго опоравување – 12 до 24 месеци) само укажува на нужноста дека тоа што денеска ќе се повлече како мерка ќе одекнува уште долго после нејзиното имплементирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично