ПОВЕЌЕ

    Сарај новата елитна населба во Скопје, најмногу станови ќе се градат таму исклучиво 4 и 5-собни?!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во јуни според одобренијата предвидени за градба во план е изградба на 639 станови, со вкупна површина од 61 828 метри квадратни, објави Државниот завод за статистика.

    Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион 180. Интересно овојпат дури 141 со вкупна површина од 15 829 м2 од овие станови ќе се градат во скопската општина Сарај. Како и во претходните соопштенија може да се забележи дека во Сарај се градат исклучиво четири(71) и петособни(70) станови. Значи ли тоа дека оваа општина ќе биде новата елитна населба во Скопје по Водно со оглед на големината на становите и кој може да си дозволи да ги купи?

    Останатите 39 станови по 11 ќе се градат Бутел и Гази Баба, Зелениково и Петровец, Студеничани и Центар по еден, Карпош три и Чучер Сандево и Сопиште по пет.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично