ПОВЕЌЕ

    Ќе забави или не, еве како ќе се движи стапката на инфлација во наредните две години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка објави дека кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2% (1,5% во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната.

    Според проекциите на централната банка за 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2%.

    Според објаснувањето на Народната банка нашата земја како увозно зависна во делот на храната и енергијата се очекува да ги почувствува последиците од поскапувањето на овие увозни елементи. На светските берзи се очекува пораст на цените на храната и особено на нафтата.

    Индексот на инфлација кај нас дури 50 проценти го сочинуваат храната и енергијата.Од банката појаснуваат дека проекциите се направени врз основа на очекувањата за поскапување на двата увозни елементи, а не на зголемена домашна побарувачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично