ПОВЕЌЕ

    Уделот на американскиот долар падна на најниско ниво во последните 25 години

    Време зa читање: 2 минути

    Учеството на резервите на американскиот долар што ги држат централните банки падна на 59 проценти и е најниско ниво во последните 25 години, покажа неодамнешното истражување на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува Бизнис Стандард.

    Наодите од истражувањето на ММФ за валутната структура на официјалните девизни резерви (КОФЕР) наведуваат дека ова делумно се рефлектира во падот на вредноста на американскиот долар во глобалната економија во споредба со конкуренцијата од другите валути, кои централните банки ги користат за меѓународни трансакции .

    Доколку промените во резервите на централната банка се доволно големи, тие можат да влијаат на пазарот на валути и обврзници, изјави Серкан Арсланалп, заменик-шеф на одделот за платен биланс и статистика на ММФ и економист Чима Симпсон Бел.

    Уделот на активата на американскиот долар во резервите на централната банка опадна за 12 процентни поени – од 71 на 59 проценти, откако еврото беше лансирано во 1999 година, според веб-страницата на Меѓународниот монетарен фонд

    Во меѓувреме, уделот на еврото варираше околу 20 проценти, додека учеството на другите валути, вклучувајќи ги австралискиот долар, канадскиот долар и кинескиот ренминби, се искачи на 9 проценти во четвртиот квартал на 2020 година.

    Некои очекуваат учеството на американскиот долар во глобалните резерви да продолжи да опаѓа бидејќи централните банки во развој и економијата бараат понатамошно диверзифицирање на валутниот состав на нивните резерви. Неколку земји, како Русија, веќе објавија дека имаат намера да го сторат тоа, пишува Бизнис.рс.

    И покрај големите структурни промени во меѓународниот монетарен систем во последните шест децении, американскиот долар останува доминантна меѓународна резервна валута, заклучува Bussiness Standard.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично