За Payten најмногу се изнаслушавме вчера кога екс министерката за финансии, Нина Ангеловска објави дека ја продала македонската платформа за електронска трговија Grouper.mk токму на оваа компанија дел од Аsseco SEE. Сепак во регионот оваа компанија е одамна активна.
Групацијата „Asseco SEE“ е најголем оператор во Југоисточна Европа според приходите добиени од продажба на софтвер и услуги. Ние настанавме како резултат на интеграција на искуството, знаењето и решенијата на водечките ИТ компании од најголемиот сегмент кои работат во регионот. Payten, член на групацијата „Аsseco SEE, обезбедува решенија во индустријата за плаќање од крај до крај за финансиски и нефинансиски институции кои нудат највисоко ниво на експертиза, одржување и поддршка во целото портфолио.
Payten објави дека вработуваат деловен аналитичар во деловната единица за банкарство сепак огласот е за Подгорица. Ќе има обрска да врши анализирање на потребите на клиентите со цел да се напишат спецификациите и планот на проектот за развој и испорака на решението во договорена временска рамка. Потребно е 3+ години работно искуство во банки (ИТ, развој на производи или слично). Дали во Македонија ќе имаат потребна од кадри се уште не е познато.