Рускиот енергетски гигант Новатек објави дека потпишал дваесетгодишен договор за откуп со акционерите на неговиот проект Арктик ТПГ2. Продажбата на течен природен гас (ТНГ) од првата фабрика за течност за гас, треба да започне во 2023 година, наведуваат од компанијата.
Количините на ТНГ за испорака ќе бидат пропорционални на сопственичките придонеси на секој од учесниците во овој проект, се додава во соопштението на Новатек.
Леонид Микелсон, претседател на бордот на директори на компанијата, вели дека овие долгорочни договори меѓу Арктик ТПГ 2 и нејзините акционери обезбедуваат иден приход од продажба на ТПГ и го прават овој проект без ризик.
Ова претставува една од најважните пресвртници во привлекувањето надворешно финансирање за проектот што ќе биде готов во 2021 година, додаде тој.
Микелсон претходно изјави дека изградбата на фабриката ТПГ 2 на Арктикот е завршена 39 проценти и дека ќе биде пуштена во употреба како што беше планирано.
Проектот предвидува изградба на три постројки за втечнување (претворање на гас во течна состојба) со капацитет од 6,6 милиони тони годишно, како и кумулативен капацитет за производство на гасен кондензат од 1,6 милиони тони годишно.