ПОВЕЌЕ

    „Финансиска училница“ на Комерцијална банка по повод Глобална недела на парите

    Време зa читање: 2 минути

    Со он-лајн „Финансиска училница“ за 80 ученици од две средни училишта во земјава Комерцијална банка ја одбележа Глобалната недела на парите. Периодот од 22 до 26 март годинава финансиските институции низ светот го посветија на одбележување на Неделата на парите под мотото „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“.

    Имајќи предвид дека пандемијата од вирусот Covid-19 наметна многу грижи за граѓаните, финансискиот свет на глобално ниво се потруди да придонесе со корисни информации и знаење со цел полесно справување со последиците од кризата. Во тој контекст, Комерцијална банка им пренесе финансиско знаење на средношколците од „Кирил и Методиј“ од Неготино и „Јовче Тесличков“ од Велес поврзано со карактеристиките, безбедното и правилно користење на финансиските производи и услуги.

    Комерцијална банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија, веќе две години со својата „Финансиска училница“ ги подготвува средношколците во земјава за влез во светот на финансиските услуги и производи. Оваа училница има за цел да ги научи младите зошто треба да чуваат пари во банка, наместо дома, да создаваат навики за штедење, кога и за што треба да побараат кредит, како функционираат платежните картички и како да ги искористат сите поволности што ги нудат електронското и мобилното банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично