ПОВЕЌЕ

    Италија издава монети од две евра во знак на благодарност до медицинските работници

    Време зa читање: 2 минути

    Италија годинава ќе издаде специјална паричка од две евра посветена на лекари, медицински сестри и здравствени работници кои се соочија со пандемија на коронарен вирус во болниците во таа земја, објави Министерството за економија на Италија.

    „Министерството одлучи на овој начин да им се заблагодари на сите здравствени работници што толку напорно работеа и работат за нашето здравје и за нас. Затоа оваа паричка ми е толку драга“, изјави Момони за Ројтерс.

    Монетата, која ќе биде законско средство за плаќање и од која ќе бидат ковани три милиони парчиња (во вредност од шест милиони евра), е дизајнирана со фигури на маж и жена, кои претставуваат здравствени работници, што носат маски, и над нив е испишан натпис „Благодарам“.

    Паричката ќе ги содржи и иницијалите на авторот на скицата, Италијанката Клаудија Момони.

    Три милиони такви монети ќе бидат дистрибуирани во мај или јуни, а неколку илјади оригинални копии може да се купат како колекционерски предмети.

    Инаку од почетокот на пандемијата, која веќе однесе животи на повеќе од 85.000 луѓе во земјата, и на повеќе од триста здравствени работници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично