ТТК Банка АД Скопје започна со исплатата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка за справување со последиците од вирусот Ковид-19.
На постојните корисници на Банката, кои редовно работат со сметките и имаат ажурирани лични податоци во Банката, средствата се префрлени на нивните трансакциски сметки и со нив можат веднаш неограничено да располагаат.
Корисниците на финансиска помош кои:
- немаат трансакциска сметка во ТТК Банка АД Скопје или
- имаат сметка во ТТК Банка АД Скопје што не ја користeле подолго време и немаат ажурирани лични податоци во Банката
треба, најдоцна до 25.12.2020 година, да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци за да може да им се исплати финансиската помош. Овие корисници ќе може да располагаат со финансиската помош следниот ден по отворањето на сметката и/или ажурирањето на личните податоци во Банката.
Корисниците можат да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје со важечки документ за лична идентификација и тоа најдоцна до 25.12.2020 година.
Во согласност со законската регулатива, доколку корисниците не отворат сметка и/или не ги ажурираат податоците најдоцна до 25.12.2020 година, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на сметките.
Апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.