„Авицена“, „Синлаб“ и „Биотек“, овие три лаборатирии во земјава минатата година заедно имале приходи од 4,6 милиони евра и добивка од 290 илјади евра покажува анализата што ја направи „Бизнис мрежа“. Споредено со претходната година пак, трите лабоатории имаат раст на вкупните приходи за 9,7 отсто како и раст на добивката за 31,2 отсто.
Минатата година, лабораторијата „Авицена“ има најголеми приходи и добивки, во однос на останатите две анализирани лаборатории. Односно, „Авицена“, лани има приходи од 2,2 милиони евра и истите се зголемени за 7,5 отсто во споредба со претходната година. Додека пак добивката изнесува 175.500 евра, што е зголемување за 58,5 отсто во споредба со претходната година. Во оваа лабораторија лани работеле 72 луѓе или тројца помалку во однос на претходната година.
„Авицена“ – податоци за 2019 година
Година | Приходи | Добивка | Вработени |
---|---|---|---|
2019 | 2,200,000 € | 175,000 € | 72 |
Во „Синлаб“, која е основана пред 20 години како привантна здравствена организација Адриалаб, лани се свртеле 1,8 милиони евра, и овие приходи се зголемени во однос на претходната година за пет отсто. Додека пак добивката кај оваа лабараторија за минатата година изнесува 94.200 евра и истата е намалена за 14,6 отсто во споредба со претходната година. Во „Синлаб“ лани работеле 49 луѓе.
Практично, минатата година „Авицена“ има речиси двојно поголема добивка од „Синлаб“, но интересно е дека во 2018 година, двете лаборатории имале приближно исти добивки, односно „Авицена“ имала 110.752 евра, додека „Синлаб“ имала 110.377 евра. Но, веќе следната година, „Авицена“ успева да ја зголеми добивката за 58,5 отсто, додека пак „Синлаб“ да ја намали за 14,6 отсто.
„Синлаб“ – податоци за 2019 година
Година | Приходи | Добивка | Вработени |
---|---|---|---|
2019 | 1,800,000 € | 94,000 € | 49 |
Лабораторијата „Биотек“ минатата година бележи зголемување на приходите зза 45,7 отсто во однос на претходната година. Со ваквиот пораст „Биотек“ има приходи од 525.100 евра, додека добивката е во износ од 20.450 евра. Во оваа лабораторија лани работеле 29 луѓе.
„Биотек“ – податоци за 2019 година
Година | Приходи | Добивка | Вработени |
---|---|---|---|
2019 | 525.100 € | 20.450 € | 29 |
Иако, Ковид падемијата удри по стопанството сепак очекувањата се дека дел од приватното здравство можно е да помине без поголеми последици. Сепак, за тоа ќе треба да се почека крајот на годината за да се видат конкретните ефекти.
Она што сега е факт е дека приватните лаборатории прават голем дел од тестовите за Ковид 19, што потоа влегуваат во официјалната дневна статистика за број на новодијагностицирани со коронавирсот што секојдневно ја објавува Институтот за јавно здравје во земјава. Цената за ПЦР тестовите за Ковид 19 – е различна и се движи од 3 до 4 илјади денари за оние граѓани кои сакаат приватно да се испитаат, дали заради патување, дали заради сомнеж дека можеби се заболени од Ковид 19, но алгоритамот за тестирање преку јавното здравство не ги третира како сомнителни. Вкупниот број на тестирања во земјава што се направени до средината на пктормви годинава од почетокот на епидемијата со Ковид 19 надминува 220.000.
Прочитај и: ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ: РАСТАТ ПРИХОДИТЕ НА ЦАНОВСКИ, ПАЃААТ КАЈ МЕРКО И АНДРЕВСКИ