Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.
Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународната групација која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
Специјалист за Маркетинг и комуникации
Локација: Скопје
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:
- Ги дефинира, управува и оценува комуникациските политики и акции (интерно и екстерно);
- Им асистира на менаџерите во нивните комуникациски цели и активности;
- Во согласност со поставената комуникациска политика, врши координација и обезбедува конзистентност на екстерните комуникациски програми;
- Одговорен за визуелниот идентитет на Банката за сите употреби (интерни и екстерни) во сите видови медиуми;
- Дизајнира и составува повеќе институционални, промотивни или финансиски информативни документи;
- Води, координира и промовира различни операции кои придонесуваат во развојот на имиџот и репутацијата на Банката, со помош на комуникациски алатки: односи со јавност, спонзорства и сл.;
- Презема одговорност за односи со јавност, интерно и екстерно во главните секторски проекти;
- Реализира и координира бројни операции потребни за интерна комуникација во поглед на: собирање, формулирање и циркулација на информации преку различни пишани публикации и аудио-визуелна продукција;
- Учествува во организирањето на интерни настани;
- Одговорен за техничка продукција на комуникациски медиуми;
- Учествува во подготовка и објавување на различни публикации за различни видови медиуми;
- Комуницира со надворешните добавувачи за процесите поврзани со активностите во Дирекцијата за маркетинг;
- Ја организира фото и видео архивата;
- Се грижи за организирањето на настани како дел од комуникациските активности на банката;
- Ја дефинира и адаптира стратегијата за институционалната веб страница и е одговорен/на за дизајн, составување, организирање и имплементација на содржината на истата;
- Врши статистичко евалуирање на влијанието на комуникациските операции и ги адаптацира алатките согласно целните групи;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование (предност ќе имаат кандидати со насока Маркетинг, Комуникации, Односи со јавност, Е-Бизнис или сродни науки);
- Претходно работно искуство од најмалку 2 години;
- Одлично познавање на апликации и софтвери применливи во делокуругот на Маркетинг и Комуникации како и одржување на Web страни;
- Одлично познавање на Aнглиски јазик;
- Тимски играч;
- Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 15.12.2020 година на: [email protected] со задолжителна назнака “Апликација за Специјалист за Маркетинг и комуникации”.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.